Фото: Маја Јаневска-Илиева

ОДБОЈКА – ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

Полска ја одбрани континенталната шампионска титула, со триумфот во финалето во Милано (Италија) на годинашното Европско првенство (ЕП), на дуелот со олимпискиот првак Франција, со 3-1 (31-29, 25-19, 20-25, 25-16). Финска го освои бронзениот медал, по победата во мечот за третото место со Словенија, со 3-0. Првите четири селекции на ЕП 2026 обезбедија место на Светското првенство в година, во Полска.
Полска е првата репрезентација што освои две титули во низа по Италија, која го постигна истиот подвиг во 2003 и во 2005 година, пишува Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ). Бело-црвените ја обезбедија својата трета европска титула, по претходните триумфи во 2009 и 2023 година и со новиот трофеј се пласираа на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лос Анџелес во 2028 година, пишува ЦЕВ. Македонската репрезентација настапи четврти пат во низа на европските првенства и го освои петтото место во групата Б, во која Полска беше прва.
Вилфредо Леон ја доби наградата за најкорисен играч на натпреварувањето (МВП), а Никола Грбиќ го зацврсти својот статус како селектор под чие водство Полска освои 10 медали на сите меѓународни натпреварувања на кои учествувале под негово водство, пишува ЦЕВ. Грбиќ е и третиот, заедно со Италијанците Фердинандо де Џорџи и Андреа Анастаси, што го освоил трофејот на европско првенство како селектор и како играч. Н.М.