Полициски службеници уапсиле 27-годишен германски државјанин на граничниот премин Табановце, откако при претрес во неговото возило била пронајдена марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-На 23.08.2026 година во 11:30 часот на Граничниот премин Табановце, при влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода К.Г. (27) од Сојузна Република Германија. При преглед во возилото што го управувал била пронајдена и одземена марихуана – информираат од МВР.
Лицето било спроведено во СВР Куманово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

































