Повеќе од два часа Скопје е прекриен со чад, а мирис на изгорено се чувствува во повеќе делови од градот. Засега нема официјални информации за изворот на чадот, ниту потврда дали станува збор за пожар во близина на главниот град.
Граѓани од различни скопски општини на социјалните мрежи реагираат и прашуваат што се случува, како и дали има информации за можен пожар. Сепак, во овој момент нема потврдени податоци за тоа од каде доаѓа чадот.
Засега нема информации од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) за причината поради која градот е прекриен со чад.



































