Фото: Маја Јаневска - Илиева

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје е предизвикана од ветерот кој го носи чадот од пожарот што гори на Китка, на територијата на општините Студеничани и Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).</p>

На пожарот денеска интервенирал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.

Од ЦУК посочуваат дека до овој момент нема пријава за можен пожар на Водно.

На територијата на Општина Илинден се регистрирани два пожара на сува трева и нискодеградирана шума.