Фото: Маја Јаневска Илиева

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Метеоролозите најавуваат дека под влијание на топол бран, до крајот на следната седмица ќе преовладува сончево и многу топло време. Од среда се очекува дополнително зголемување на температурите, при што на одделни места тие ќе надминат 40 степени Целзиусови.