Фото: РФМ

ЕП 2026 ЗА РАКОМЕТАРИ ДО 18 ГОДИНИ

Машката репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години загуби од Словенија со 30-33 во 1. коло на Европското првенство (ЕП), кое се одржува во Белград (Србија). Македонските надежи одиграа одлично прво полувреме, кое го добија со шест гола разлика (18-12), но пресвртот се случи во вторите 30 минути, кое го добија Словенците со 21-12. Најдобар играч во победничкиот состав беше Јака Подвршич со осум гола, а во македонскиот состав најпрецизни беа Христијан Вујичевски и Трајче Костов, кои по шест пати ја затресоа противничката мрежа. Следниот меч од групата А, македонската репрезентација ќе го игра денеска против Франција (од 12 часот), која вчера попладне во рамките на првото коло за ривал ја имаше селекцијата на Шведска. Во главната рунда на ЕП 2026 ќе се пласираат првите две селекции од секоја од шесте групи и најдобрите две третопласирани репрезентации, а другите селекции ќе играат за пласман од деветтото до 16. место. Шведска ја брани титулата освоена на ЕП 2024 во Црна Гора. Г.И.