фото: Ка.М.

Педесет и второто издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ ќе се одржи в петок и в сабота во Прилеп и во Долнени. Отворањето на фестивалот е утре попладне во 18 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“, а в сабота програмата ќе се одржи на Рудина во Долнени со почеток од 18 часот. Фестивалот има и алтернатива доколку не дозволат временските услови за настап на инструменталистите на отворено, беше речено на денешната прес конференција на која беше најавен фестивалот.

Првиот ден во киното „Мис Стон“ во ЦК „Марко Цепенков“, а вториот ден во старата општинска зграда во Долнени.
– Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ со својата традиција е еден од ретките фестивали што ги негува традициите на изворниот мелос, гајдата, тапанот, кемането и изворната песна, наследство со векови и генерации. Во последните години фестивалот побудува поголем интерес кај младите генерации особено за изучување на народните инструменти – рече Горан Василески, претседател на фестивалот.
Тој најави дека годинава ќе учествуваат над 250 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на Македонија.

фото: Ка.М.

Во рамките на фестивалот во спомен-куќата во Долнени, се одржува работилница за изучување на народниот мелос, на кој присуствуваат десетина млади ентузијасти.
Фестивалот на народни иснтрументи и песни „Пеце Атанасоски“ на најуспешните изведувачи, а ги има од 7 до 77 години, ќе им додели награди, а за најдобриот гајдаџија ќе следува наградата „Гајдата на Пеце“, што ја доделува општина Долнени.

Ка.М.