Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 17 возачи поради безобѕирно управување, соопшти Министерство за внатрешни работи, пренесе МИА.
Од приведените, шест возачи од Крива Паланка, Куманово, Делчево и Радовиш управувале возила под дејство на алкохол. Возачот од Радовиш предизвикал и сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот.
Осум возачи од Скопје, Делчево, Гевгелија, Богданци, Прилеп и Македонски Брод биле затекнати како управуваат возила без возачка дозвола, додека еден возач од Кочани возел и покрај активна забрана за управување.
Во Кавадарци бил приведен возач кој управувал нерегистриран мотоцикл без возачка дозвола, а во Демир Хисар полицијата затекнала возач кој управувал автомобил без дозвола и под дејство на алкохол.
Од МВР потсетуваат дека непочитувањето на сообраќајните правила директно ја загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот и апелираат до граѓаните за совесно и одговорно однесување на патиштата.

































