Дали сте знаеле дека…
На 21 април 1946 година, во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар во Скопје. Станува збор за претставата „Силјан штркот“, според истоимената приказна раскажана од Марко Цепенков.
***
Во 1970 година во САД, 22 април првпат е одбележен како Ден на планетата Земја. На овој датум се одржале најголемите еколошки демонстрации во историјата. Меѓународниот ден на планетата Земја се одбележува низ светот со разни манифестации и акции, со цел да се сврти вниманието на јавноста за значењето и зачувувањето на животната средина.
Дваесет и втори април во Македонија се одбележува како Ден на поштарско-телеграфските работници. Тогаш им се оддава признание на овие професионалци задолжени за пренесување пратки и на информации, со цел истите тие навремено да стигнат до сите граѓани на нашата држава. Овој ден се одбележува од 1920 година, кога од одредени причини престанал да функционира поштенско-телеграфскиот сообраќај во Македонија.
Извор: Википедија
































