Од творештвото за деца на Лила Тодоровска
Ранец со сништа
Одам на долги патувања
во мојот ранец чист
за моите авантури
ставив молив и лист.
Одејќи така полека
не можев да чекам ете
почнав да си запишувам
идеи како дете.
Еднаш штом
ќе пораснам
тоа одвај го чекам
адвокат, доктор, учител
ќе учам и ќе пекам.
Можеби ќе бидам
љубов убавини да правам
златар или пекар
убавини да давам.
Го полнам ранецот
со многу соништа мои
може сликар ќе бидам
ќе цртам со сите бои.
Ех, ми стана
ранецот тежок
го испишав и листот бел,
каде ли сега ќе ги
запишувам
моите соништа и цел?
Циркузантот Ване
Ване во циркуз влегол
со кловновска лика
видел многу публика
од среќа тој блика.
Со насмевка разиграна
со шапка црвена
со чевли големи смешни
и со блуза шарена.
Се поклонил Ване
јас сум во циркусот цар
ако згрешам нешто
ќе се смее публиката бар.
Жонглирал
со портокали
со лимони еден тон
во играта се вмешал
и Боби стариот слон.
И кловнови дотрчаа
со носиња црвени
свиреа со труби мали
и правеа шеги весели.
Подготвила: M.T.
За авторката
Лила Тодоровска е родена на 10 мај 1965 година во Македонска Каменица. Уште од раното детство пишува и објавува поезија во: „Колибри“ („Нова Македонија“), „Наш свет“, „Развигор“. Авторка е на книгите: „Валавица“ и „Сонце над осојот“ (за возрасни) и „Бабините булки“ и,,Златна рипка“(поезија за деца). Нејзината поезија е застапена во две меѓународни светски антологии „Поетите пеат за мирот“ објавени во Тунис 2022 година. Исто така нејзини песни се застапени во заеднички збирки зборници: ревијата за култура, наука и уметност „Бранувања“, зборникот „Непресушните извори на Калин“, „8. поетски поздрав на Четрсе Штип – 2022“… Учесничка е на повеќе поетско-книжевни средби кај нас и е добитничка на повеќе признанија. Доделувани ѝ се прва и втора награда на фестивалот на детска забавна песна „Радика фест“ – Дебар неколку години по ред.

































