Единаесетти март: Окупација, холокауст, бездна на духот

  • Сите бугарски влади не сакаат да признаат дека се одговорни за смртта на Евреите од Македонија, Тракија и од Србија, па дури за тоа успеале да добијат и поддршка од некои Евреи од Израел и во светот. Многу срамно! Но не е лошото во Бугаринот, не-не-не, туку во светската потреба од црноморско застрашување. Светот ги тапка по рамо. За Музејот на холокаустот (сега Центар за холокаустот и мир) во Скопје велат дека е „пропаганда“. Ако Македонија влезе во ЕУ без право на глас, ќе мора да молчи за нацизмот и холокаустот. Да, жалосно е што за своите лаги и антимакедонски ставови имаат поддршка од Европа и иднината на нашата држава е опасна

Времето го прави своето, заборав, императив на далечината е да создаде заборав. Забораваш луѓе, случки, поместувања… Заборавот е природа, есенција, реалност на логаритамот, победа на нулата. Заборавени ќе бидат и херојот и генијот и вие. Холокауст е перманентно повторуван наратив за да се победи заборавот. Некој го закопува. Ми велат: „Израел заслужува холокаустот да се заборави!“ (Заради Иран)… зар не велат? Заборавот носи сила, а таа сила се повторува како машина за постоење. Зошто се појави холокаустот? Копнеење кон хаос? Крвожед? Дно на психата? Случајност? Хитлер е само „прокси“ на друга сила – „невидлива рака“. А што е заднината? Погуба на Библијата, судир на херметизмот и кабализмот, вечен примитивизам – љубомора, профит, желба за пљачкање и евтаназија-проект – деструкција како есенција кога имотот вреди повеќе од животот. Човекот е животно, а животните ги убиваме, зар не? А што значи подготовка за војна на Европа? Мастур-вербализам? Пари? Лудило? Па европските војници се практично неспособни за војна, папетки, пантомими… пардон, освен специјалните единици на Британија и Франција (Легија). Но има и роботи војници. Можеби еден ден на вратата ќе ви тропне робот. Дали роботи одговараат за нацизам? За чудо, кога во 19 век се очекувало подобрување по еманципацијата на Евреите во време на Менделсон, Лесинг, Лок, Кант, Волф, Левинсон, Весли, Француската револуција, Париската комуна, Маркс, Емил Зола, Балфур и други, антисемитизмот букна. Нацизмот израсна од ментализмот на нова геополитика (Лист, Хаусхофер, Мар. Тричке, Рејцел, Даре), па омразата стана хиперкумулација, а таа стана неолиберализам, па тој сега прејде во геополитичка економија (неомеркантилизам, геоимперијализам или трампизам).
Технички, да потсетиме, сето започна со Законот за заштита на нацијата потпишан од цар Борис Трети од 21 јануари 1941 година, кој предвидува крајни понижувачки мерки за Евреите (во Бугарија и окупираните зони) и за оние „непожелни“. Важна напомена: има неточности во историите (бугарски и светски). Дури и на ЧетГПТ каде што велат дека окупацијата е германска, а администрацијата е бугарска. Не-не-не! ОКУПАЦИЈАТА Е ПРВО ГЕРМАНСКА, НО ВЕДНАШ Е НАСТАПЕНА ОКУПАЦИЈА ОД БУГАРИЈА. Тоа да влезе во книгите и во главите! Сѐ се одвива во 1941 год. На 7 април Југославија пропаѓа. На 15 април со лимузини на Абвер и Гестапо доаѓаат врховисти на Иван Михајлов – на чело со Стефан Стефанов (адвокат) и Васил Хаџикимов, задолжени да формираат акционен национален бугарски комитет во секој град на Македонија со основни цели: 1) Организирање свечен дочек на бугарската окупациска војска и 2) Максимална работа за асимилација и денационализација на Македонците во Бугарија. Спрегнат е и бугарскиот весник во Скопје со наслов „Целокупна Бугарија“ со сопственик Никола Коларов, задолжен за бугарската пропаганда во Македонија.

Кон овој весник максимално се впрегнало и Бугарското радио Скопје. Покрај десничарите, имало и комунисти што ги прифатиле Бугарите, а некои им се придружиле на бугарските комунисти, па дошле во конфликт со нашите партизани (интересно – едни се ликвидирани, а други станаа функционери). Потоа на 19 април, бугарската армија на чело со генералот Маринов (контрoверзна личност – ту на една, ту на друга страна, а тој бил „командант на Вардарска Македонија“ во 1943 кога е извршен холокаустот, а оперативни команданти биле Захари Велков и Кирил Стоименов, кој посебно бил задолжен за Битола). Сите Евреи се веднаш собрани во гета со тотално искрадени имоти (особено Скопје), а гетата биле во Скопје, Битола (поделено на 10 дела) и во Штип. Оние во Бугарија се одведени во логори ситуирани во Подунавјето (по сведочење на Леа Коен, а и татко ми Аврам Садикарио). На 11 март 1943 година, сите Евреи од гетата биле уапсени од бугарската армија, собрани и интернирани во Монополот – Скопје, во мизерни услови, без вециња и ограничена вода, храна, во црна темница и лежеле и само лежеле во рафтовите за тутун (кажувања на Шела Сион Алтарац). Бугарските војници опљачкале сѐ што можеле. Меѓу тие пљачкаши имало и наши „пријатели“. „Такви се времињата“, велеа. Учете – какви времиња, такви пријатели! Човекот е најниска сорта. Ги сакам пријателите, но… сега веќе си отидоа пред новиот холокауст. Да-да нов холокауст! Размислете! И така во март и април во три конвоја биле транспортирани преку Ниш до логорот Треблинка. Дознавам дека при примопредавањето (Бугари на Германци), секој бугарски војник добивал по 250 марки за секој Евреин. Веднаш се ликвидирани во Треблинка во гасни комори, заедно со Евреите од варшавското гето. Убиени се речиси 99 отсто од македонските Евреи, од Тракија 100 отсто, по список. Над 40 отсто биле деца под 16 години. Се спасиле оние што биле партизани. Мајка ми Жамила Колономос исто така била партизанка и вели дека таму Евреите биле сосема изедначени со другите партизани и едно време другарите сосема заборавиле дека се Евреи (како што впрочем е најправедно). Да си партизан барем имаш гордост, јунак си, легенда, а не си супхуман трулофизичен исфрлок како во логорите. Логорите биле „мерак“, „страст“ и идеал за бандитите од Ес-ес, а тоа се заборава во светот и кај нас – многу-многу! Многумина загинале во борбите. Кога завршила војната, сите биле радосни, но мајка ми велеше дека тоа било голема тага за неа, оти не нашла никого дома. Имотите биле тотално опљачкани и ништо не е вратено. Речиси сите преживеани Евреи отишле во формираната држава Израел, како што тие велеа не поради идеолошки причини, туку поради психолошки. Евреите во Бугарија биле спасени од логорите од страна на Црвената армија и речиси сите (над 40 илјади) отишле во Израел. Бугарската армија се предала пред крајот на војната и по наредба на Коминтерната, Сталин и „Татковскиот фронт“ (Добри Терпешев) „се придружила“ на Црвената армија и југословенските партизани, со командант Владимир Стоичев – претходно со командувачка функција во армијата на цар Борис Трети и во Балканските војни, прогласен за херој (?). Захари Велков, кој ја водел операцијата за депортација, е осуден на доживотна робија. Кирил Стоименов одговорен за депортацијата на битолските Евреи е осуден на доживотна робија.

Генерал Никола Михов, командант на армијата (вклучувајќи ја и Македонија), регент по смртта на цар Борис Трети – е осуден на смрт. Захари Велков, одговорен за депортации – е осуден на смрт. Генерал Васил Боидев, командант на Петтата армија, која ја окупирала Македонија – е притворен и ослободен. Генерал Асен Сираков – е притворен и ослободен. Кимон Георгиев, член на „Звоно“ – стана премиер. Некои високи команданти пребегаа во Германија без судење. Тмурно – некои тоа го доживеале како втора окупација. Кимон Георгиев е премиер, а ген. Иван Маринов нов министер на војна. Која иронија. Очевидци велат дека истите тие бугарски војници ги запалиле куќите на оние што биле партизани, нивните жени ги беселе, а децата „ги дигале“ со сабји, запалиле со бензин некои жени. Цар Борис умрел при враќање од Германија каде што се договарал со Хитлер, а Богдан Филов (премиер), Петар Габровски (основач на фашистичката партија Ратник и привремен премиер) и Георги Белев (началник на Комесаријатот за еврејските прашања – планер на депортациите), кои биле пријатели со Ајхман, Беркеле, Денекер и Химлер, се ликвидирани од новите власти. Сепак, тие се рехабилитирани по владата на Тодор Живков и многумина денес ги слават. Кој срам! Алојз Бринер, одговорен за ликвидациите на Балканот-Франција-Унгарија-Словачка-Украина, избегал во Сирија кај „пријателот“ на Југославија Хафез ал Асад. Такви ни беа „пријателите несврстани“. А Тито одбил да побара екстрадиција, демек да не го навреди „големиот пријател“ Асад (по кажување на Симон Визентал). Таквите „пријателски“ несврстани земји денес се база за сегашниот џихадистички тероризам (исто и во војната во Босна, Косово и во Македонија) и ќе нѐ чуди што ќе нѐ снајде од нив во иднина. А и нацизмот не сакаме да го осудиме денес, демек некого да не навредиме – браво, браво, бравоооооо… Сите бугарски влади не сакаат да признаат дека се одговорни за смртта на Евреите од Македонија, Тракија и од Србија, па дури за тоа успеале да добијат и поддршка од некои Евреи од Израел и во светот. Многу срамно! Но не е лошото во Бугаринот, не-не-не, туку во светската потреба од црноморско застрашување. Светот ги тапка по рамо. За Музејот на холокаустот (сега Центар за холокаустот и мир) во Скопје велат дека е „пропаганда“. Ако Македонија влезе во ЕУ без право на глас, ќе мора да молчи за нацизмот и холокаустот. Да, жалосно е што за своите лаги и антимакедонски ставови имаат поддршка од Европа и иднината на нашата држава е опасна. Негирањето на холокаустот во Бугарија (а богами и од некои личности кај нас) само може да придонесе за нови војни и екстерминации. Ова не е ламентирање, туку предупредување. Антисемитизмот оди нагоре! Горе и горе! „Епштајновата кутија“ и „O9A“ дури ќе се отвора и е пострашна од Пандорината – „хомо канибалис“ и продолжеток на ес-ес школите за сатанизам. И кралската куќа… „зар и ти сине Бруте“… Епштајн е империја, планетарна биолошка војна на секој против секого. Мармалада и „Пицагејт“ за медиуми. Мосад? Мосад, ЦИА… се само филијали. И Балканот е филијала. Кој друг? Цивилизацијата е животно. Човекот стана домашно животно за „нутриција“. И кој ќе биде виновен? Евреите – Евреите… секогаш Евреите! Па само Евреи ли се наркомани? Разберете еднаш – „сатанизмот“ е психотропна состојба – наркосостојба. Запомнете еден аксиом: каде што има милијардери и моќници, има и Епштајни. А кај нас? Па има! Светот од култен стана окултен. За борба меѓу моќ и медиуми ќе зборуваме другпат.
Го сонувам Аушвиц. Хитлер во „Втората книга“ („Zweites Buch“) велел дека САД ќе бидат во конфликт со Стариот Свет (Европа). Дали „тресел по свое“ или знаел? Македонија е историски антиматеријализам – „Македомор“ – од „браќата“, светот душегрижник, а и ние самите. Македонија се претвора во огромна автобуска станица за иселеници. А владите и системот се одлични диспечери и совршени извозници на ум и касмет – биохауст (пад на населението и земјоделството), еконохауст (економска пропаст), геронтизам (стара популација) и политоцид. Оптимизам? Јас – не! А вие? „Единствена закана е инерција“, вели Сен-Џон Перс. Ќе има ли реборисизација (Радев)… јахууу?, а Антонеску… опаа? Мислете: околу имате четири топостратешки зони – црноморска, беломорска, исламска (Западен Балкан) и аксијална (Србија, Унгарија и нагоре). Дали Македонија е запчаник („gear“) меѓу овие или е во „клешта“ („анаконда синдром“)? „Морскиот триаголник“ се менува. Решение за нас – единствен заеднички пазар? Убаво, надеж е како бајка. А шови-крими стрит-мангупчето Груби е пуштено низ вода од неговите. Груби е правосуден дадаизам. Има ли некој џокер? Ќе видиме. Дали џихадот ги напушта своите? Ѓаволот менува луѓе, но не и дух. Без земјоделство и индустрија, единствен инпут на пари кај нас е дрогата („цевче за кислород“ на државата). Ќе има ли војна? Ако секне Украина, каде ќе букне? Наведените зони? Сѐ е испланирано. Сепак, трајноста на таа (украинска) војна е „можност“ за едни преку „загубена можност“ за други. Со други зборови – војната во Украина е нужност за сите (освен за загинатите). Преговорите со Иран се играње покер со Господ! Ахриман. Почна игранката. Човече, многу сакаат да те нема, а малку да те има. Ако си успешен – будиш лавина од непријатели. Не учи од сопствени искуства – види како поминале другите.

Проф. д-р Самуел Колономос Садикарио