ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во село Ижиште и против Б.Б. (44) од Македонски Брод, кој бил одговорно лице во правното лице, поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, пријавените, во својство на концесионери на Шумско-стопанската единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, согласно договор за сеча и дотур и склучените анекси, имале обврска да извршат сеча и транспорт на 1.500 кубни метри огревно дрво и 300 кубни метри техничко дрво.
Покрај договореното количество, било утврдено дека незаконски биле исечени и однесени дополнителни 291,19 кубни метри дрва, без соодветни приемници за сеча и дотур. Со тоа, според надлежните, е остварена противправна имотна корист во износ од 653.228 денари по редовен ценовник, односно 2.037.700 денари според оштетовен ценовник.

































