Кети Пери и Мартин Герикс добија јакни со потпис на Сатја Грабулоски

Канадската пејачка Кети Пери и холандскиот диџеј Мартин Герикс се најновите имиња на А-листата на славни личности што добија јакни со потписот на Сатја Грабулоски.
Двете јакни се изработени рачно, специјално за нив, од вегански материјали, а потоа се рачно и насликани.
– Јакната на Кети е инспирирана од нејзината неверојатна кариера, а во четирите букви од нејзиното име, кои доминираат на грбот, се насликани четири приказни инспирирани од четири нејзини песни. Онаа на Герикс, пак, е инспирирана од неговата страст за уметност, а низ неа е скриено името Марти, како што го викале кога бил дете, но и како што ќе се вика неговиот претстоен албум. За оваа јакна ни требаа околу 120 часа рачна работа – вели Грабулоски.
Јакните на светските уметници им беа предадени летово, на фестивалот „Сани хил“, од страна на Дуа Липа и нејзиниот татко Дукаѓин (Дуги) Липа, кој е основач на фестивалот. Тие неколку години наназад соработуваат со студиото „Ес вит а дот“ и Сатја Грабулоски, па секој од учесниците на фестивалот добива подарок со потписот на нашиот дизајнер.
Освен Пери и Герикс, на листата ѕвезди што летово си заминаа со уникатен дизајн од „Ес вит а дот“, беа и Дејвид Гета, Лука Модриќ, Стив Аоки, Антоан Гризман, Едис Џеко, Луис Капалди, Бланко и многу други.