Фото: РФМ

РАКОМЕТ

  • Македонија, која досега има девет настапи на европските првенства, во првото коло од новиот циклус ќе игра во Скопје со Луксембург, в среда

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот со 18 ракометари за почеток на квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2028 година. Првиот собир е в недела.
Македонија во првото коло ќе игра во Скопје со Луксембург, на 4 ноември (од 19 часот), а четири дена подоцна гостува во Грција. Во групата осум е и селекцијата на Шведска.
На ЕП 2028 ќе настапат првопласираните две репрезентации од секоја од осумте квалификациски групи, како и четири најдобри меѓу третопласираните селекции во групите. На ЕП 2028 директно се пласираа домаќините на првенството, Швајцарија, Португалија и Шпанија, како и актуелниот европски првак Данска.
Македонската репрезентација игра за јубилеен десетти пласман на континенталните првенства, а во јануари во Германија, пак, ќе го има десеттиот настап на светските шампионати, каде што е во групата Х, во која се и селекциите на Исланд, Бахреин и на Јапонија.
Состав: Мартин Томовски, Иван Галевски, Васил Гогов, Петар Атанасијевиќ, Дамјан Митев, Дмитро Хориха, Филип Кузмановски, Марко Митев, Игор Ѓеоргиев, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Филип Николов, Никола Костески, Александар Петковски, Милан Лазаревски, Самоил Ристески, Марко Стојковиќ и Михаил Аларов. Резерви: Никола Митревски, Марио Стојановски, Павле Атанасијевиќ, Мартин Ивановски, Томи Јагуриновски, Ален Ќосевски и Валентин Карасманакис. Н.М.