Лице од обезбедувањето на Јавното претпријатие „Државни патишта“ денеска околу 13 часот пријавило сомнителна активност пред канцелариите на претпријатието, лоцирани на плоштадот „ВМРО“ во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), на видео надзорот биле забележани две лица кои го разгледувале просторот, при што едно од нив оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, надлежните служби презеле соодветни мерки и активности.
– Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен и не претставува закана по безбедноста – се наведува во полициското соопштение.