Во прилепската болница денеска беше донирано – амбулантното возило што ќе биде ставено во функција на мобилна клиника за потребите на жителите на ромската заедница во населбата Тризла. Донацијата е конкретен и значаен чекор во насока на подобрување на пристапот до здравствени услуги за Ромите, дел од пошироката визија за еднакви услови за сите.
– Донацијата е дел од имплементацијата на проектот „Обезбедување пристојни услови за живот за ромските домаќинства во Општина Прилеп – “, кој Општина Прилеп го реализира во партнерство со меѓународната организација ЧЕЛИМ од Милано, НВО Ромски Ресурсен Центар од Скопје и НВО Ромаперспектив од Прилеп. Проектот е финансиран од Европската Унија, а започна со имплементација во февруари 2021 година и трае до мај 2025 година. Целта на проектот е да се подобрат условите за живеење и пристапот до основни услуги за ромската заедница во Прилеп, особено во населбата Тризла. Проектот е дел од претходни проектни активности како што беа поддршка на легализација на 700 домови, реконструкција на домови, развивање на урбанистички план, изградба на водоводна мрежа, образовна и социјална поддршка, како и програми за вработување на млади и жени Роми – изјави гардоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
Амбулантното возило е директен резултат на заложбите на сите партнери во проектот и потврда дека кога има заедничка волја, може да направи реални и одржливи промени во заедницата.
Од прилепската болница велат дека донацијата е значајна.
– Ќе се користи за извршување на прегледи во наслебата Тризла, ќе направиме скрининг , испитувања на социјално загрозени граѓани. Ова возило е добредојдено, бидјеќи нашите возила во болницата се постари. Очекуваме и нови возила во болницата. Донираното возило е опремено со целосна медицинска опрема за транспорт на пациенти – вели Кире Јоноски, директор на прилепската болница, потенцирајќи дека имаат пет возила за итна помош и три за транспорт во Скопје.
Себихан Демироски од Ромскиот реусрсен центар изјави дека се грижат за подобрување на условите за живот на Ромите веќе три години, реализирајќи повеќе проекти, меѓу кои е и донацијата на возилото, со кое ќе се вршат основни здравствени прегледи, но и изработа на детален урбанистички план во ромската населба, подобрување на вработливоста на млади жени Ромки, и подобрување на образовниот процес на децата.
Од Општина Прилеп велат дека продолжуваат да бидат посветена на создавање инклузивна општествена средина, во која секој граѓанин, без разлика на етничката припадност, има пристап до квалитетни услови за живот, образование, здравствена заштита и економски развој.
Ка.М.