Фото: ОК Газели Волеј

Нова, исклучително вредна победа за екипата на Газели Волеј на почетокот од новата сезона во Првата лига жени. Во рамки на  второто коло совладана е екипата на Младост УГД од Штип со 3:2, уште еден од претендентите за титулата во домашното првенство. Она што посебно го истакнуваат од водството на Газелите е дека конечно екипата доби еден тај-брејк во Првата лига.

Беше тоа меч на нерви, борбеност, со многу грешки и пожртвуваност од двете екипи. Меч кој покрај крајната неизвесност помина во супер фер и спортска атмосфера, повторно пред полна сала.

По натпреварот, домашните одбојкарки им честитаа на штипјанки за борбеноста и жарот што го покажаа од прв до последен поен.

-Игравме нервозно, со голема несигурност, но тоа се должи пред сè на притисокот наметнат од одличната гостинска екипа. Денес го оставивме срцето на терен и покажавме дека победите треба да се заслужат. “Earned, not given” е мотото под кое мора да се игра секој натпревар! – изјавија по натпреварот девојките на Газели Волеј по блескавиот старт во новото првенство и двете победи од два натпревара.