Фото: Пиксабеј

Излезноста на вонредните парламентарни избори во Србија денеска до 14:00 часот беше 46,53 проценти, објави вршителот на должноста директор на Републичкиот завод за статистика Бранко Јосиповиќ на прес-конференција во Републичката изборна комисија.
До 14:00 часот, во Војводина гласале 49,23 проценти, во Белград 47,55 проценти, во регионот Шумадија и западна Србија 44,95 проценти и во регионот јужна и источна Србија 44,04 проценти.
На претходните парламентарни избори одржани на 17 декември 2023 година, излезноста до 14:00 часот беше 32,38 проценти.
Претседателот на Републичката изборна комисија (РЕК) Владимир Димитријевиќ денеска изјави дека гласањето на сите избирачки места генерално се одвивало без проблеми.