Вредности
…од „ВОНБИЛАНСНАТА ЕВИДЕНЦИЈА“ – пасива
(ова писмо ти го испраќам за да не заборавиш… и… ако го прочиташ… не кажувај му никому)
Liber Mutus… или HIC RODUS – HIC SALTA
Возможна е трета светска војна… возможен е мир… возможен е пекол… возможен е рај… возможно е од олово, злато…
САМО МАКЕДОНИЈА Е НЕВОЗМОЖНА (ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА НЕВОЗМОЖНОТО).
Возможен е кракен… возможна е Неси во шкотското езеро… возможен е јети… возможен бигфут… возможен е и еднорог…
САМО МАКЕДОНИЈА Е НЕВОЗМОЖНА (ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА НЕВОЗМОЖНОТО).
Возможен е Дедо Мраз.… возможна е Лилит… возможни се Дракула и Франкенштајн… возможни се Тарзан и Робинзон Крусо… возможни се кралот Артур и Ромео и Јулија….
САМО МАКЕДОНИЈА Е НЕВОЗМОЖНА (ИСТОРИЈА НА НЕВОЗМОЖНОТО)
Возможни се ангели… возможни се демони… возможни се сторачници… џинови… самовили… џуџиња…
САМО МАКЕДОНЦИ СЕ НЕВОЗМОЖНИ (НАРОД НА НЕВОЗМОЖНОТО).
Возможни се неидентификувани летачки објекти… возможни се марсовци… возможни се вонземјани…
САМО МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НЕВОЗМОЖНИ (НАРОД ОД НЕВОЗМОЖНОТО).
Возможни се сите јазици (и оние на животните и растенијата)… што биле и што допрва ќе прозвучат во музиката на сферите… возможен е вселенски обединувачки јазик… и компјутерски…
САМО МАКЕДОНСКИОТ Е НЕВОЗМОЖЕН (ЈАЗИК НА НЕВОЗМОЖНОТО)
Возможно е општество на богови… возможни се Зороастер, Кецалкоатл, Буда, Исус и Мухамед… возможни се мултидимензионални светови… возможен е крај… возможен бескрај…
САМО МАКЕДОНИЈА Е НЕВОЗМОЖНА (ДИМЕНЗИЈА НА НЕВОЗМОЖНОТО)
ВОЗМОЖЕН Е БОГ
ВО НЕГОВАТА РИМА МАКЕДОНИЈА Е ИЗГОВОРЕНА 27 ПАТИ
РИМАТА Е МЕМОРИЈА – ОБЛИК
ТАМУ… ПОГЛЕДАЈ СЕ
ОГЛЕДАЈ СЕ…
Вангел Божиноски