Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на својот фејсбук-профил објави заедничка фотографија со претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден и неговата сопруга Џил.
– Срдечен поздрав во знак на меѓусебно разбирање и поддршка. Изразив восхит од инспиративните обраќања на претседателот Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови на држави – напиша Сиљановска-Давкова во објавата на Фејсбук.
Таа во Њујорк присуствувала на приемот што го приредиле претседателот и првата дама на САД за шефовите на делегациите на Генералното собрание на Обединетите нации.
Претседателката вчера имаше обраќање на 79. Генералното собрание на ОН во Њујорк.