Вечерва славиме пасокизација на СДС и факторизација на Левица, изјави првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев.
– Во првата изборна единица имаме двајца пратеници – Апасиев и Хактан, во двојка еден фиксен, нашиот портпарол, Амар Мециновиќ, во тројка еден фиксен, се бориме за втор за ситно за 300 гласа да влезе покрај Борислав Крмов и Александар Симонов и така цел пресидум да бидеме во парламент, во четврка влегува Сашко Јанчев и во петка Јована Мојсовска – првата жена пратеник на Левица – рече Апасиев.
Како што додаде нивната заложба успеала – кутната е црвената буржоазија на под 20 пратеници.
Друга значајна победа, како што рече Апасиев, преполовен е проектот ЗНАМ на половина од претседателските избори.
– Ова покажува дека овој изборен систем повторно нѐ краде, затоа што некаде го водиме за 4.000 гласа, а имаме ист број на пратеници. Тоа ќе биде првото барање на Левица, воведување на една изборна единица – рече Апасиев.
Се заблагодари на сите активисти кои не потклекнале на малодушноста и најави дека ќе продожат пет пати посилно од сега, оти, како што рече Апасиев, секој пратеник вреди колку 10 нивни.
– Да знаат дека ги чека пекол во собранието со нашите борбени пратеници – рече Апасиев.
Според бројот на мандати, објавени на страната на ДИК, Левица добива шест пратеници во Собранието.