Ова за ме­не е ма­ло раз­о­ча­ру­ва­ње, би­деј­ќи мис­лев де­ка во одре­ден мо­мент имам мно­гу ве­ту­вач­ка по­зи­ци­ја, но изг­ле­да и не ви­дов нај­пре­циз­но во кој мо­мент, ре­че Ка­ру­а­на по ос­ма­та пар­ти­ја­та.

Осум пар­тии, осум ре­ми­ја во ме­чот за ти­ту­ла­та свет­ски ша­хов­ски пр­вак по­ме­ѓу Нор­ве­жа­не­цот Маг­нус Карл­сен и Аме­ри­ка­не­цот Фа­би­ја­но Ка­ру­а­на, кој во 12 пар­тии се игра во Лон­дон. Се­пак, ме­че­ви­те се да­ле­ку од здо­дев­ни, ду­ри не­кои од нив на ра­бот од цел по­ен. Карл­сен бе­ше бли­ску до по­бе­да во пр­ва­та, а Ка­ру­а­на во ше­ста­та и во ос­ма­та пар­ти­ја, ба­рем за оние што ко­ри­стат су­пер­сил­ни ана­ли­тич­ки комп­ју­те­ри.

Но ако ре­зул­та­тот е поз­на­ча­ен од игра­та, то­гаш и мо­же да се раз­бе­рат овие ре­ми-по­зи­ции на двај­ца­та врв­ни ве­ле­мај­сто­ри. Ова нив­но ос­мо пос­ле­до­ва­тел­но ре­ми во Лон­дон, всуш­ност и го израм­ни ре­кор­дот на Га­ри Кас­па­ров и на Ви­шва­на­тан Ананд во нив­ни­от меч за свет­ски пр­вак во Њу­јорк во 1995 го­ди­на. Ре­зул­та­тот се­га е 4-4, а во де­вет­та­та пар­ти­ја (утре), „бел“ е Карл­сен.

– Ова за ме­не е ма­ло раз­о­ча­ру­ва­ње, би­деј­ќи мис­лев де­ка во одре­ден мо­мент имам мно­гу ве­ту­вач­ка по­зи­ци­ја, но изг­ле­да и не ви­дов нај­пре­циз­но во кој мо­мент – ре­че Ка­ру­а­на, а Карл­сен до­да­де де­ка се чув­ству­вал ка­ко да се изв­ле­кол од убис­тво.

Ка­ру­а­на по­втор­но се отво­ри со по­те­гот 1е4, а Карл­сен уште ед­наш од­го­во­ри со си­ци­ли­јан­ска од­бра­на (1… ц5), но, на­ме­сто ро­со­ли­мо-ва­ри­јан­та­та (3. б5), Ка­ру­а­на се впу­шти по­о­тво­ре­но со 3. д4, а Карл­сен од­го­во­ри со ва­ри­јан­та­та на Швеш­ни­ков (5… е5), ко­ја бе­ше по­пу­лар­на во 60-ти­те и 70-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, но ко­ја, се­пак, се сме­та за мно­гу ан­ти­по­зи­ци­ско отво­ра­ње. Свет­ски­от шам­пи­он пре­зе­де не­кои ри­зи­ци во ра­на­та сре­диш­ни­ца со при­ти­ска­ње на Г-пе­ша­кот на Ка­ру­а­на, но клу­чен мо­мент бе­ше 21-от по­тег, ко­га Ка­ру­а­на по 33 ми­ну­ти раз­мис­лу­ва­ње го оди­гра ло­гич­ни­от по­тег пе­шак на Ц5, по кој нор­ве­шки­от су­пер­комп­ју­тер „Сес­се“, му да­де пред­ност на по­ве­ќе од два по­е­на, што е до­вол­но за по­бе­да во ша­хот. Но во про­дол­же­ни­е­то Аме­ри­ка­не­цот оди­гра па­си­вен по­тег, со пи­о­нот на Х3, што бе­ше до­вол­но Карл­сен да ги ели­ми­ни­ра си­те опас­но­сти по сопс­тве­ни­от крал.

– Тоа е нај­го­ле­ма­та си­ла на Маг­нус, оти ко­га ги изед­на­чу­ва овие ло­ши по­зи­ции, тој всуш­ност ги игра нај­до­бри­те по­те­зи. Со тоа што вр­ши­те при­ти­сок врз Маг­нус, не зна­чи де­ка тој е из­гу­бен или не­што слич­но – из­ја­ви по ре­ми­то, сил­ни­от аме­ри­кан­ски ве­ле­мај­стор Хи­ка­ру На­ка­му­ра.

А при­чи­на­та зо­што Ка­ру­а­на не по­бе­ди во таа пар­ти­ја, мо­же да би­де мош­не ед­но­став­на. Ако стра­на­та што има пред­ност во пар­ти­ја­та има не­кол­ку раз­лич­ни ве­ту­вач­ки мож­но­сти да дој­де до цел по­ен, то­гаш те­шко е да се из­бе­ре ви­стин­ска­та. Ка­ру­а­на очиг­лед­но не го из­бра нај­до­бри­от пат. Мо­же­би тоа ќе му ус­пее во де­вет­та­та пар­ти­ја.

Г.И.