Четворица членови на палестинската милитантна група Хамас се уапсени под сомнение дека планирале напади врз еврејски институции низ Европа, соопшти денеска германското обвинителство.
Тројца од осомничените се приведени во Берлин, а четвртиот во Ротердам, Холандија, пренесуваат британските медиуми.
Четворицата уапсени биле долгогодишни членови на Хамас и биле тесно поврзани со раководството на воениот огранок на групата, тврдат обвинителите.
– Мораме да направиме се што можеме за да се осигураме дека Евреите во нашата земја веќе нема да мораат да се плашат за својата безбедност – рече германскиот министер за правда Марко Бушман.
Европските власти претходно предупредија на зголемен ризик од напади на исламистите радикализирани од израелската војна со Хамас.