Илустрација креирана со ВИ

Литературно катче

  • На 28 октомври, нашиот истакнат писател за деца и за возрасни Велко Неделковски го прослави својот 80. роденден. Голем дел од неговото творештво е посветено на децата, а најпознат е по лектирното издание „Втората смена“. Во чест на неговиот роденден објавуваме една негова песна од стихозбирката „Децата се прва лига“. И вие сте прва лига, драг писателе! Среќен роденден, од „Колибри“!

Ако мора баш да има,
собирање збирно
да се гушнат децата
во орото ширно.

Ако мора баш да има
од вадење траги,
да се вадат вистини
од друштво на лаги.

Ако мора баш да има
за множење знаци,
да се множат насмевки
подадени раце.
Ако мора баш да има,
делење и делби,
да се делат честитки
и сончеви желби.

Автор: Велко
Неделковски