Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ) забранила увоз на пратка јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на остатоци од пестициди над максимално дозволените граници, пренесе МИА.
Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, не ги исполнила законски пропишаните безбедносни стандарди и ќе биде вратена во Македонија, соопшти бугарската агенција.
Контролата била спроведена во рамки на засилените проверки на увезеното свежо овошје и зеленчук што БАБХ ги врши на територијата на Бугарија.
































