фото: Пиксабеј

Лидерите на змјите членки на Европската Унија (ЕУ) донесоа одлука за старт на преговори за членство со Украина и Молдавија, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на платформата Екс.

– Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавија – наведе Мишел.

Според него, Советот на ЕУ решил и да и додели статус на земја кандидат за членство на Грузија, додека во однос на БиХ останува условената препорака за старт на преговорите.

– ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство и ја повикува Комисијата да поднесе извештај до март со цел да се донесе таква одлука – додаде Мишел во објавата.

Според него, ваквите одлуку се јасен сигнал за надеж за народите на овие земји и за европскиот континент.