Македонија и во третото тримесечје од 2026 година бележи негативен природен прираст. Во периодот од јули до септември се родени 4.160 живородени деца, додека починале 4.807 лица, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Бројот на новородени е намален за 4,8 проценти во споредба со истиот период минатата година, додека бројот на починати бележи минимален раст од 0,1 процент.
Разликата меѓу живородените и умрените изнесува 647 лица, што значи дека природниот прираст и натаму е во негатива.
Од вкупниот број починати во третото тримесечје, 19 биле доенчиња.
Во периодот јули – септември 2026 година биле склучени 3.524 бракови, што претставува зголемување од 0,5 проценти во однос на истиот период лани.
Во истиот период биле регистрирани и 397 разводи.
































