Едно од најголемите светилишта во Кичевско, манастирот Свети Ѓорѓија Победоносец утре го слави својот патрон . За овој празник традиционлано во манастирот се собираат голем број верници, како од градот и блиската околина, така и од други градови во републикава.
Одбележувањето ќе започне уште вечерва со одржување на вечерна литургија.
-Еден од најстарите манастирски комплекси во овој дел од земјава, манастирот Свети Ѓорѓија Победоносец утре го слави својот патрон. Одбележувањето ќе започне уште денес во 17 часот, кога во манастирот ќе се одржи вечерна богослужба со која ќе чиноначалствува Отец Александар Крстаноски. Утре со почеток во осум часот ќе се оджи и Света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува свештеник од Кичевското Архиерејско намесништво. По одржувањето на литургијата верниците кои постат ќе бидат причестени од страна на свештенството присутно во манастирот-истакна сестра Софија, старешинка на Кнежинскиот Манастир.
Таа додаде дека за верниците присутни на ова одбележување манастирскиот кум ќе подготви свечен ручек.
Инаку секој година манастирскиот кум се избира на 6 мај од верниците кои се пријавиле во наредните 12 месеци да му служат на манастирот.