Фото: Г.И.

За разлика од второто коло, кога 29-те македонските шахисти остварија шест победи, седум ремија и 16 порази, во третото коло на традиционалниот меѓународен шаховски турнир „Опен Скопје 2023“ (од 6 до 12 декември во х. „Континентал“), на А-турнирот (од најмалку 2.000 рејтинг-поени), на кој играат 128 шахисти/ки (14 ВМ) од 20 држави, поуспешен скор, односно забележани се по 12 победи и порази и пет ремија. Засега најуспешен Македонец, 25-ти е ВМ Звонко Станојоски (1.392 рејтинг-поени, рангиран 18-ти пред почетокот) со два поена, а шахистка, 41-ва, Сања Трајковска (1.861, рангирана 104-та). На врвот во водство се ВМ од Туркменистан, Мејлис Анабердијев (2.458, деветти) и ИМ од Германија Роберт Баскин (2.472, седми), со по максимални три поени, додека прворангираниот, ВМ од Азербејџан, Елтај Сафарли (2.609) е трет со 2,5 поени.

Во ова коло, Сафарли ремизираше со ИМ од Германија Јулијан Мартин (2.423, 12-ти), а Баскин го победи ИМ од Србија, Стефан Тадиќ (2.386, рангиран 20-ти), додека Анабердијев освои цел поен против ФМ од Турција, Окан Озсакалиоглу (2.314, 29-ти).
На Б-турнирот (до 2.000 рејтинг-поени), на кој играат 169 шахисти/ки од 21 држава, по третото коло има дури осум шахисти, меѓу кои и шест Македонци, предводени од Виктор Раниќ (1.928, рангиран втор). Турнирот кој истовремено претставува и прво официјално Балканско поединечно првенство во машка и во женска конкуренција, се игра во девет кола. Г.И.

Позначајни резултати 3. коло:

Леонид Петрески (2077) – ЖВМ Викторија Радева (Бугарија, 2.349) 0-1

Жорди де Блок (Белија, 2.039) – Антон Златков (2.204) 0-1

Стојан Велкоски (2.035) – Тодор Андонов (2.191) 0-1

ВМ Звонко Станојоски (2.392) – Милан Михаличка (Словачка, 2.161) 1-0

ИМ Владан Ребреновиќ (Србија, 2.207) – ИМ Никола Николовски (2.389) реми

Геогри Петров (2.106) – Илија Стошевски (2.011) реми

Теодор Јовановски (2.102) – Атанас Ташевски (2.005) 1-0

Матео Ефтовски (1.976) – ФМ Љубомир Илиќ (2.094) 1-0

Игор Вујачиќ (Ц. Гора, 2.094) – Сања Трајковска (1.861) 0-1

Влатко Крстевски (2.065) – Умут Ајдемир (Турција, 1.722) 0-1

Инџи Ајрадиноска (1.585) – ФМ Александар Кралевски (2.063) 0-1

Чинар Онер (Турција, 1.565) – Ивана Манова (1.950) 0-1

ФМ Андреј Велјаноски (2.300) – Арсим Келменди (Косово, 2.061) реми

Сашо Симјановски (2.251) – Хасан Аначак (Турција, 2.059) 0-1

ЖФМ Алена Сквортсова (Ц. Гора, 2.137) – Горан Лавинац (2.034) 1-0

ЖФМ Андреа Косман (Белија, 2.137) – ИМ Тони Лазов (2.404) 0-1

Стојанчо Димковски (2.056) – Алперен Озен (Турција, 1.809) реми

Кирил Николовски (1.740) – Горкем Унсал (Турција, 1.916) 0-1

Давид Николовски (1.889) – Умут Уколук (Турција, 1.681) 0-1

Емил Жежов (1.665) – Моника Жежовска (1.826) 0-1

Миле Трајковски (1.952) – Илшат Валитов (Србија, 1.802) 1-0

Матеја Поповиќ (Ц. Гора 1.816) – Јордан Стоилковски (1.733) 1-0

Оливер Кузмановски, слободен (1-0)