Во топката има технологија што испраќа податоци во реално време до официјалните лица. Од УЕФА велат дека топката ќе понуди „невиден увид во секој елемент од движењето на топката, придонесувајќи за процесот на донесување одлуки на ВАР“, пишува „Би-би-си“
ФУДБАЛ
Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека топката што ќе се користи на Европското првенство (ЕП) в година во Германија ќе помогне да се добијат побрзи одлуки за офсајд и за играње со рака, пишува „Би-би-си“. Новата топка има технологија што испраќа податоци во реално време до официјалните лица.
Од УЕФА велат дека топката ќе понуди „невиден увид во секој елемент од движењето на топката, придонесувајќи за процесот на донесување одлуки на видеопомошниот судија (ВАР)“, пишува „Би-би-си“.
Технологијата знае кога се случил допир, но не и каде на телото. Официјалните лица потоа ќе ги користат камерите, како и сега, за да одлучат дали имало игра со рака. Европската фудбалска унија верува дека треба да го забрза процесот на донесување такви одлуки, заедно со обезбедување попрецизни одлуки за офсајд.
– Комбинирајќи ги вештачката интелигенција и податоците за позицијата на играчите, иновацијата придонесува на полуавтоматизираната офсајд-технологија на УЕФА и ќе биде клучна за поддршка на донесување побрзи одлуки во натпреварите. Технологијата исто така може да им помогне на службените лица во ВАР да го идентификуваат секој поединечен допир со топката, дополнително намалувајќи го времето поминато за решавање случаи на игра со рака и пенали – велат од УЕФА. Н.М.