Албанската опозиција замина од лидерската средба со образложение дека состанокот го напуштил претседателот на Собранието Талат Џафери и немале со кого да си соочат аргументите за член на Државната изборна комисија.
– Албанската опозиција го напушти состанокот на лидерската средба откако средбата ја напушти Талат Џафери кога точка на дневен ред беше членот на Државната изборна комисија. Додека ние елабориравме, тој ја напушти седницата и затоа и ние ја напуштивме бидејќи немаше со кого да ги соочиме аргументите – изјави Изет Меџити.
Албанската опозиција, како што рече, бара предвремени парламентарни избори, односно тие да се одржат на 14 и 28 април, односно на 28 април со вториот круг на претседателските да се одржат парламентарните избори. Во однос на техничката влада сметаат дека треба да има техничка влада и во неа министерските места кои претходно и припаѓале на македонската опозиција, сега да им припаднат ним.
Во однос на изборот на член на ДИК, место кое се испразни откако Кренар Лога стана министер за правда, од албанската опозиција сметаат дека тоа место им припаѓа ним.
– Цениме дека Џафери ова го одоговлегува долго време и гледаме интенција да не се избере член и да не биде целосна ДИК за утре некој да ги оспори изборите со што влегуваме во друг непознат простор – рече Меџити.
Едно од барањата на албанската опозиција е да се овозможи на изборите да гласа и дијаспората преку пошта или електронски.
На почетокот на изјавата, Меџити во име на албанската опозиција, изрази сочувстсво со семејствата на убиените Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, со оценка дека надлежните органи споро делување во овој случај.