Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги критикуваше палестинските власти за, како што наведе, обвинувањата дека Израел ги „масакрирал сопствените цивили на 7 октомври“, оценувајќи ги таквите тврдења како неприфатливи.
Нетанјаху, во видео изјава објавена на хебрејски и англиски јазик, наведува дека палестинските власти во Рамала вчера изнеле, како што рече, крајно бесмислено тврдење, обвинувајќи го Израел дека извршил масакр врз своите цивили на југот на земјата, на 7 октомври, и негирајќи дека тоа го изврши Хамас
-Ова е целосно искривување на вистината – рече Нетанјаху, истакнувајќи дека палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој претходно го негираше постоењето на холокаустот, сега негира дека Хамас го извршил масакрот.