Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека во текот на ноќта соборени сè уште три украински беспилотни летала над руски региони.
Два дрона, наводно се соборени над регионот Брјанск и една над Калуга.
Руското МО не соопштува за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Украина, пак, тврди дека уништила два руски бомбардери во вчерашните напади на аеродром.
– Два се уништени, два не може да се поправат – изјави шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов во синоќешното интервју за украинското радио.
Тој додаде дека можеби е погоден и петтиот руски авион, но не потврди точно каде и кога се случиле нападите.
Руските власти пријавија серија напади на аеродроми во текот на изминатата недела, вклучително и Солци во Новгородската област во саботата и Шајковка во регионот Калуга во понеделникот.
Британското разузнавање тврди дека Русија најверојатно изгубила суперсоничен бомбардер со долг дострел Ту-22М3 способен да носи нуклеарно оружје.