Бахмут останува епицентарот на борбите со руските сили, соопштија утрово украинските вооружени сили, откако Русија изминатиот викенд тврдеше дека руските сили го зазеле градот во источна Украина.
Борбите продолжуваат во Бахмут, а руските сили продолжуваат со офанзивните акции, соопштија украинските сили, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Гардијан“.
Украинските сили известија дека во текот на изминатиот ден руските сили „неуспешно се обиделе да ги вратат загубените позиции јужно од (блиската) населба Иванивска.
„Гардијан“ пишува дека не е во состојба да ги потврди спротивставените изјави од украинската и руската страна за Бахмут.