Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека државата пред два дена веќе и исплатила сума од 120 милиони евра на компанијата изведувач на коридорите 8 и 10д.
-Имам сигурни информации дека пред два дена од трезор се префрлени пари преку Министерството за транспорт и врски на ЈПДП околу седум милијарди и 250 милиони денари тоа околу 120 милиони евра. Тие пари претпоставувам дека треба веќе да се легнати на сметка на компанијата изведувач на овие делови на коридорите 8 и 10д – рече Мицкоски.
Додаде дека исплатени се толку многу пари, а шајка нема ставено. Мицкоски повтори дека не се против градење на коридорите, ниту против тоа компанијата да си ги брани интересите туку против распродажбата на народни и државни интереси од актулните политичари на власт.
-И за тоа ќе одговараат. Многу скоро од денеска еве јас ви ветувам дека ќе одговараат – рече лидерот на опозициската партија.
Пред два дена првите луѓе на опозициската партија ги брифираа новинарите дека дотогаш по основ на пенали и анансно плаќање од Договорот за изградба на делови од коридорите 8 и 10д со „Бенкел и Енка“ треба да платиме 301 милиони 495 илјади евра.
– Околу 173 милиони евра се обврски кои ги превзела државата врз основа на самиот договор како авансно плаќање, трошоци за подготвка на градилиште и подготвителни работи вклучително и за менаџирање на самиот проект, а останатите се пенали заради тоа што во рок од 45 дена од потпишување на договорот не е променет Законот за работни односи односно работната недела не е продолжена од 40 на 60 работни часа – рече Мицкоски.
Мицкоски не очекува од ова обвинителство некаква реакција во однос на Договорот.
Повтори дека тие Договорот го добиле од свиркач, но и дека го побарале од Владата.
-Ние го побравме договорот. Велат ќе држат предавање во Парламентот, ќе го објаснеле договорот и дека на тој начин било сосема тоа доволно – рече Мицкоски.