Риболовниот натпревар што требаше претстојниот викенд да се одржи на Осломејското Езеро, се одлага за две недели поради невреме, односно ќе се одржи на 11 мај, потврди претседателот на спортско-риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево, Бесмир Елези, организатор на овој натпревар.
– Првиот крапски-риболовен натпревар „Боила куп“ што требаше да се одржи овој викенд на Осломејско Езеро, поради влошени временски услови се одлага за 11 мај. Екипите кои требаше да учествуваат на овој натпревар навремено се известени за промена на терминот – потсети Елези.
Натпреварот на кој беа пријавени 17 екипи, требаше да почне утре во 8 часот и да заврши в недела во 14 часот. З.А.