Брзиот начин на живот што стана наше секојдневие е доста стресен, а експертите посочуваат еден дел од денот што, според нив, е најстресен.
Студијата спроведена од група научници во Лондон, во која учествуваа две илјади лица, покажа дека најстресното време за повеќето возрасни луѓе е во просек околу 7.23 часот наутро. Како што може да претпоставите, ова се должи на честиот утрински стрес.
Студијата исто така покажа дека има мала разлика во најстресното време од денот во зависност од полот. На првата пречка во денот жените најчесто наидуваат малку порано од мажите, односно во 7.50 часот. Кај мажите, првиот индикатор за стрес започнува речиси еден час подоцна, поточно во 8.43 часот.
Овие утрински драми дури можат да ја попречат вашата продуктивност во текот на денот, објаснуваат експертите што работеле на истражувањето.
Според нив, утринскиот стрес најчесто е предизвикан од тоа што не завршуваме сѐ навреме во раните утрински часови. Сообраќајниот метеж, наоѓањето место за паркирање, приготвувањето појадок за семејството и подготвувањето за дневен престој или работа се само дел од проблемите со кои се соочуваат повеќето од нас, а сето тоа влијае на нивото на стрес.