Сликарот и хуманитарец Живко Поповски – Цветин со неколку негови препознатливи цртежи со цветни мотиви го честита утрешниот Ден на жената – 8 Март.

Цвеќето што Цветин го поврзува со мирот и љубовта, како најважна и основна потреба на човештвото за да живее поубаво и среќно, посветено им е на мајките и жените кои целиот живот го посветиле на дарувањето на своите деца и семејства.

На овој начин продолжува мисијата на големиот ликовен уметник кој со неговите дела промовира мир и љубов.