Денот на Руската диломатија беше одбележан во Битола, пред спомен-обележјето на „Рускиот крст“, во присуство на присуство на амбасадорот на Кина во Македонија, Џанг Ѕуо, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник, Иван Столиковиќ, градоначалниот на Новаци, Стевче Стевановски, почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, д-р Велимир Стојковски и други гости.
Беше одржаната панихида во чест на рускиот конзул Александар Ростоковски, кој беше убиен во Битола во август 1903 година, со која чиноначалствуваше владиката
на Преспанско-Пелагониската епаррхија, г.г. Петар.
За ликот и делото на Ростоковски, како и за односите помеѓу Русија и Македонија во последно време, но и за актуелните состојби во светот, особено за војната во Украина зборуваше рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин.
– Денес вработените во руските дипломатски претставништва ширум светот, прославувајки го својот подесионален празник, му оддаваат почит на споменот на
нашите извонредни претходници. Меѓу нив е и рускиот императорски конзул Александар Ростоовски, кој враќајќи се заедно со неговиот пријател Крсте Мисирков од манастирот „Св. Преображение господово“ бил убиен во Битола, во август 1903 година. Споменикот „Руски крст“, подигнат во чест на конзулот кој ги поддржуваше христијаните на Македонија во борбата за слобода и несебично ја извршуваше својата
службена должност, е јасна потврда дека неговата личност и резултатите од неговото дело остануваат во меморијата на македонскиот народ. Познато е дека крстот бил подигнат двапати. Првиот пат – во 1936 година, но беше демонтиран по Втората
светска војна. Во 2003 година, споменикот беше подигнат повторно, по повод 100-годишнината од смртта на Александар Ростковски. Битола има долги и блиски врски со нашата земја. Од 1861 до 1915 година тука се наоѓал Конзулатот на Руската
империја. Во 2001 година активностите на почесниот конзул беа продолжени, а во 2016 година беше отворен и Почесниот конзулат. Во текот на 21 година работата на
Почесниот конзул, прво на г-ѓа Даринка Крстанова, а потоа на г-дин Сергеј Самсоненко, придонесува за проширување на деловни и хуманитарни врски, многулики контакти меѓу нашите земји. Жалиме што минатата година владата на Северна
Македонија без објаснување на причините ја повлече согласноста за воспоставување на функцијата Почесен конзул на Русија во Битола и ние бевме принудени да го затвориме Почесниот конзулат. Нагласувам дека тоа не беше наша одлука, сметаме дека овој чекор е неоснован и политички мотивиран. Врз основа на принципот на
реципроцитет презедовме реципрочна мерка. Се надеваме дека порано или подоцна Почесниот конзулат ќе биде повторно отворен, како „Рускиот крст“ во свое време.
Убедени сме дека ова целосно им одговара на аспирациите на граѓаните на двете држави – кажа рускиот амбасадор.
Баздникин нагласи дека руската дипломатија од 2014 година ги вложува сите можни напори за решавање на кризата во Украина.
– Исто така беше принудна и одлуката на Русија да jа започне специјалната воена операција за заштита на Донбас. Од 2014 година руската дипломатија ги вложува сите можни напори за решавање на кризата во Украина – вклучително и во согласност со Договорите од Минск постигнати со посредство на водечките земји на ЕУ. Не
бевме слушнати или се правеа дека не нè слушаат. Од неодамна на Западот дури не кријат дека целта беше да се добие време, да го напумпа режимот во Киев со оружје и да ја ослабне Русија. Ова го потврдува отсуство на алтернативи за нашите постапки – не ни оставија друг избор. Директните закани за безбедноста на Русија уште
еднаш, како и пред осумдесет и две години, се создадени од идеологијата на нацизмот – веќе во нејзината модерна манифестација, без разлика колку и да се обидуваат да се
одречат од тоа – и ние повторно сме принудени да се спротиставиме на агресија на колективниот Запад. Не треба да има илузии – задачите на специјалната
воена операција ќе бидат исполнети. Нашиот народ со мајчино млеко ги впиваше традициите и вредностите на генерацијата на победниците. Тоа нè прави силни и
уверени во себе, во нашата правилност и во нашата победа. Решението ќе се најде, земајќи ја предвид ситуацијата на терен, и со оглед на елиминирање, засекогаш, на заканите за безбедноста на Русија – порача Баздникин.
Тој истакна дека односите помеѓу Русија и Македонија моментно минуваат низ тежок период.
– Денес, односите меѓу Русија и Северна Македонија минуваат низ тежок период. Ова не е наш избор. Руската страна се придржува до недвосмислен став – ние не се мешаме во внатрешните работи на вашата држава и немаме намера да го правиме тоа, не преземаме никакви чекори во форма на наводни хибридни закани, за кои неосновано сме обвинети. Се разбира, ние ќе одговориме на непријателските дејства – на основа на реципроцитет, но секогаш на избалансиран и, доколку е можно, симетричен начин. Нудиме конструктивна основа за интеракција – принципи на рамноправност, заемно почитување и земање во предвид меѓусебни интереси – што, очигледно, е единствената можна во поправедниот мултиполарен свет што се формира во нашата ера. Во оваа прилика на крајот сакам да изразам голема благодарност до сите македонски граѓани кои се пријателски расположени и негуваат симпатии кон Русија – за вашата позиција, искрените зборови и писмата кои продолжуваме да добиваме. Ја чувствуваме масовноста на вашата поддршка и убедени сме дека пријателството меѓу нашите народи, вкоренето во длабочините на вековите и поткрепено со духовно и културно сродство и заеднички словенски корени, е надвор од време и политика – рече во своето обраќање Баздникин. М.М.