Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев положи венец со цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“.
Демерџиев реагираше што Бугарите чекале на граница и од пред „Свети Спас“ кажа дека ќе подареле три генератори за струја, за системот повеќе да не биде во прекин. Тој пред новинарите го коментираше задржувањето на Бугарите на граница, но и тоа што европратеникот Ангел Џамбаски не дојде во Македонија.
– Јас зборев со нив и кажав да останат во Бугарија. Ме послушаа. Тие не дојдоа до граница. Тоа за мене е направилниот пат, не треба провокации – посочи Демерџиев.
Бугарскиот вицепремиер истакна дека очекува Македонија реципрочно да одговори и да ги пушти Бугарите да го слават Гоце Делчев, исто како што Бугарија ги пушти Македонците претходно.
– Очекувам секој бугарски државјанин да стигне без било какви интервенции – кажа тој.
Бугарскиот министер беше прашан и дали е пријателство односот на поединечни политичари од Бугарија кои Македонија ја нрекуваат бугарска држава.
– За нас е јасно е дека Северна Македонија е суверена независна држава – нагласи Демерџиев.
Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З. (35), А.Х.(50)и Р.Х.(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства,при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот.