Што знаеме, а што не знаеме за Македонија? Од кога човекот живеел на територијата на денешна Република Македонија? Какви тајни крие древната македонска земја и што можеме да научиме од цивилизациските слоеви од минатото?
На 14 ноември 2026, во Порта „Македонија“ во Скопје, со почеток од 18.30 часот ќе се одржи јавно предавање на м-р Никола Ристевски на тема „Мистична Македонија – музеј под отворено небо“. Презентацијата на природните ресурси, културното наследство и економскиот потенцијал на Република Македонија, по успешните претставувања во Хрватска, за прв пат се прикажува во Скопје.
Ова мултидисциплинарно предавање ги води присутните во длабоко патување низ времето и просторот, откривајќи ја Македонија како музеј под отворено небо во кој митовите и науката се испреплетуваат.
Предавањето е наменето за истражувачи, студенти, културни и туристички работници, како и за сите љубители на историјата и мистериите кои сакаат да ја согледаат Македонија низ една сосема нова, длабока и инспиративна перспектива.

































