Фото: Фејсбук/Бојко Борисов

Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на Бугарија и РС Македонија. Ова го напиша поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на социјалните мрежи.

– Денес се навршуваат 151 година од раѓањето на големиот бугарски револуционер и македонски комита Гоце Делчев, кој го даде својот живот за ослободување и автономија на Македонија и Одринска Тракија. Гоце Делчев е симбол на заедничката историја што ги поврзува народите во Северна Македонија и Бугарија – напиша Борисов.