Техно

Компанијата „Епл“ наводно работи на различна верзија на својот ајпед, која би требало да се појави во 2024 година.
Познатиот и доверлив аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека целосно нов дизајн на ајпед на преклопување доаѓа во текот на следната година.
– Сигурен сум дека ајпед на преклопување ќе пристигне во 2024 година, очекувам дека овој нов модел ќе ја зголеми продажбата – изјави Куо.
Тој додаде дека новиот ајпед ќе има држач од јаглеродни влакна, поради што треба да биде полесен и поиздржлив.
Куо тврди дека ова може да значи дека всушност нема да видиме нов ајпед во следните девет до дванаесет месеци. Првиот нов ајпед што ќе се појави на пазарот најверојатно ќе биде ајпед мини, а масовното производство треба да започне во првиот квартал на 2024 година.
Ајпедот на преклопување дефинитивно би бил интересен. Не само што ќе стане првиот уред на преклопување на „Епл“ од кој било вид туку ќе го одведе ајпед во сосема нова насока, што ќе го направи подобар „конкурент“ на сопствената линија на компјутери „мекбук“ на „Епл“.