Светското првенство почнува утре. Што мислите кој ќе победи? Јас се обложувам на Србија, напиша синоќа на Твитер унгарскиот претседател Виктор Орбан.
Овој негов твит го објавија речиси сите српски медиуми и голем дел од регионалните, а предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
Инаку, Унгарија не се квалификуваше за учество на фудбалскиот Мундијал во Катар. Последен пат Унгарците играа на Светско првенство во 1986 година.
Србија првиот меч во Катар ќе го игра против Бразил на 24 ноември.
Голем оптимист за успех на Србија на Мундијалот е и нејзиниот селектор Драган Стојковиќ Пикси, кој пред неколку дена изјави дека верува во чуда и дека посакува „орлите“ да го освојат шампионскиот пехар.