Фото: Официјален Фејсбук-профил на Џил Бајден

Џо Бајден, најстариот претседател во американската историја, денеска го слави својот 80-ти роденден. Тој планира да го прослави роденденот со семеен ручек во Белата куќа, пренесе новинската агенција Асошиејтед прес.

Бајден вчера имаше уште една прослава. Се омажи неговата правнука Наоми Бајден, јави Си-ен-ен.

Американскиот претседател деновиве се наоѓа на лична крстосница бидејќи тој и неговото семејство се соочуваат со одлука во наредните месеци дали треба повторно да се кандидира. Сојузниците и советниците на Бајден велат дека тој има намера да влезе во трката, а неговиот тим започна тивки подготовки за кампањата, но самиот претседател често звучеше двосмислено.

-Мојата намера е повторно да се кандидирам. Но, многу ја почитувам судбината – рече Бајден на прес-конференција овој месец.

Неговиот главен политички противник Доналс Трамп објави дека ќе се кандидира за претседателската трка, што за дел од американските аналитичари може да биде поттик за Бајден да бара нов мандат.