Фото: Официјален профил на Венгер на Инстаграм

Долгогодишниот поранешен тренер на Арсенал, Арсен Венгер изјави дека Светското првенство во 2022 година може да биде последно за многу ѕвезди.

-Мислам дека ова Светско првенство е последна шанса за големите играчи кои ни го покажаа својот талент во изминатите 10-15 години. Тие ќе дојдат на турнирот мислејќи: „Сега или никогаш“.

Прекрасно е да се види ова бидејќи Меси, Роналдо, Нејмар и Бензема се меѓу најдобрите играчи во светот. Левандовски исто така. Сите тие ќе мислат: „Ова е мојата шанса“.

Нашиот спорт има среќа бидејќи се заснова на технологија. И покрај зголемениот интензитет, на крајот од натпреварот гледате кој ја направи разликата, кој ја донесе победата, а тоа се играчи со добра визија на теренот, со техника која им овозможува да ја реализираат оваа визија.

-Ако науката се злоупотребува, тоа може да биде штетно. Играчите ќе станат премногу зависни од податоците и ќе престанат да играат слободно. Затоа, науката мора да се користи правилно, таа мора да поттикне донесување смели одлуки. Ако тоа не се случи, тогаш тоа ќе му наштети на квалитетот на играта – изјави Венгер.

Од листата ѕвезди кои ги именува Венгер, Мундијалот во Катар веќе е завршен за Карим Бензема кој се повреди пред стартот на шампионатот.