Фото: Пиксабеј

22. Светско првенство во фудбал

Светското првенство во Катар во 2022 година ќе биде единствено и по многу нешта различно од претходните натпреварувања и ќе се одржи во најмалата земја домаќин досега. Како и да е, „фудбалската магија“ на Катар ќе ги надмине сите претходни Светски првенства.

Сараевски Кликс пренесуваме клучни бројки пред почетокот на смотрата на најдобрите.

Организацијата на Светското првенство во Катар ќе чини, според извештајот на Фронт офис спорт (Front Office Sport), неверојатни 220 милијарди евра, што е пет пати повеќе од последните седум турнири заедно. Вкупните трошоци го урнаа рекордот што претходно го држеше Бразил, каде организацијата на Мундијалот чинеше 15 милијарди евра.

Тие изградија шест целосно нови стадиони, од кои секој има ултра модерен климатизиран систем за заштита на навивачите и играчите од жештината. Освен стадиони, Катар реализираше и големи други инфраструктурни проекти, изградба на аеродром, три подземни железници и сосема нов град – Лусаи, кој има хотели, терени за голф и луксузна марина, а овие трошоци се исклучени од проценката на вкупните трошоците за турнирот.

Сите стадиони се наоѓаат во радиус од 55 километри од главниот град Доха, а тоа беше клучниот аргумент што го презентираше катарската влада во обидот да биде домаќин на првенството, наведувајќи дека сите објекти се лесно достапни.

Именуван по бројот на рециклирани бродски контејнери користени во неговата изградба, Стадионот 974, со капацитет од 40.000 седишта, ќе биде демонтиран по Светското првенство и повторно ќе се состави за да биде домаќин на спортски настани на друго место, иако следната дестинација сè уште не е позната.

Вкупно 3,2 милиони билети се достапни за турнирот, од кои една третина ќе оди кај спонзорите и превозниците, а според бројките на ФИФА, продажбата на билети достигнала 2,89 милиони евра до 17 октомври. Земјите кои купиле најголем број се редоследно: Катар, САД, Саудиска Арабија, Велика Британија, Мексико, ОАЕ, Аргентина, Франција, Бразил и Германија.

Недостигот на сместувачки капацитет во Катар значи дека вкупно 168 чартер летови ќе превезуваат навивачи од соседните земји секој ден од Светското првенство.

За уживање на Мундијалот во Катар потребно е да се издвојат во просек по 6.000 евра за покривање на трошоците за превоз, сместување и билети, што е два до три пати повеќе од буџетот што беше потребен за следење на Мундијалот во Русија.

Организаторите на турнирот наведуваат дека Катар на крајот ќе профитира од организацијата на ова натпреварување близу девет милијарди евра.

Според извештајот на Гардијан, повеќе од 6.500 работници од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и Шри Ланка загинале за време на изградбата на инфраструктурата за Светското првенство, што започна во 2010 година.