Украина го доби модерниот ракетен систем земја-воздух НАСАМС од САД, потврди украинскиот претседател Владимир Зеленски во изјава за „Си-би-ес њуз“.
Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден за испораката на НАСАМС, исто како и за Aртилерискиoт ракетен систем со висока мобилност („ХИМАРС“), но стакна дека новите ракетни системи, сепак, не се доволни за заштита на објектите како што се училиштата и болниците, при што побара и тенкови од САД.
– Ако САД го покажат нивното водство и ни дадат тенкови, Германија и другите европски држави ќе го следат нивниот пример – кажа Зеленски.
НАСАМС се користи за противвоздушна одбрана од беспилотни летала, хеликоптери, крстосувачки ракети и авиони, а може да функционира заедно со ракетниот систем „Патриот“.
Украина го користи системот „ХИМАРС“ од 25 јуни, при што западните експерти и медиуми постојано ја нагласуваат неговата успешност во војната против Русија.