Македонската фудбалска репрезентација остана на 64. место на најновата ранг-листа на ФИФА, која не донесе поголеми промени, бидејќи меѓународните репрезентативни натпревари не беа во календарот во јуни.
Следниот противник на „црвено – жолтите“, Бугарија, е рангирана на 74 место, додека од преостанатите две репрезентации во групата во рамки на Лигата на нации, Грузија е на 82. место, додека Гибралтар е рангиран на 200. место.
Најдобро рангирана репрезентација во светски рамки останува Бразил, пред Белгија и Аргентина.
Најновата ранг-листа на ФИФА не донесе измени во Топ 10 и од четвртото до десеттото место остануваат Франција, Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.