Во Бугарија дефинитивно нема нуклеарно оружје, тоа се шпекулации, кажа денеска претседателот Румен Радев во селото Скрут, во однос на американските воени ловци кои пристигнаа во Бугарија за да го заштитат воздушниот простор, пренесува МИА повикувајќи се на Бугарската телеграфска агенција (БТА).
– Овие ловци доаѓаат тука најмногу за да можат да спроведат заеднички активности за обука со бугарските воздухопловни сили и да помогнат во зајакнувањето на воздушната полиција, за заштита на воздушниот простор. И не може да станува збор за нуклеарно оружје – истакна Радев.